ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

КОВИД БA-5 Омикрон неделава го достигна врвот

КОВИД БA-5 Омикрон неделава го достигна врвот

Варијантата БA-5 на корона вирусот омикрон оваа недела го достигнала врвот. المراهنة على المباريات Комисијата за заразни болести од денешната седница информираше дека во текот на неделава имало благ пораст на бројот на новозаболени од 8,5%, што според нив е значително помалку во однос на минатата недела кога процентот изнесуваше дури 55,7. Според здравствените власти, С Македонија е во фаза на широко распространет пренос, но со соодветни капацитети за одговор. 1xbet عربي

„Под овие услови, Комисијата не препорачува воспоставување нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и да ги почитуваат мерките кои се во сила, т.е. задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во установите за семејна нега. جدول سباق الخيل Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се позитивни на КОВИД, да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу нив со избегнување близок контакт со други луѓе и останување во затворени простории без маски“, велат од Комисија за заразни болести.

Препораката за сите граѓани останува, особено за граѓаните кои припаѓаат на ризичните групи со посериозни заболувања, да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита, како што се често и темелно миење или дезинфекција на рацете, избегнување гужви и престој во затворени и непроветрени простории, носење заштитни маски и почитување на препораките за вакцинација против Ковид-19.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button