ВЕСТИСВЕТ

Кремљ ги демантираше информациите за разговорот меѓу Путин и Трамп

Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела.

„Тоа е јасен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е целосно невистинито. Чиста фикција. Тоа се само лажни информации“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, пренесе РИА новости.

Advertisements

На повеќекратно прашање од печатот дали тоа значи дека немало телефонски разговор меѓу Путин и Трамп минатата недела, Песков рече: „Токму тоа го кажав. Немаше разговор“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button