ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Криминални групи се обидуваат да го попречат Обвинителството во истражната работа, вели шефот на ОЈО

Шефот на Основното јавно обвинителство Гаврил Бубевски оценува дека кривичната пријава против него и двајцата поранешни колеги од СЈО, Артан Ајро и Арафат Муареми е тенденција на одредени криминални групи да го спречат обвинителството ефективно да ги гони тие групи. Бубевски оценува дека самото објавување на кривичната пријава во јавноста пред странките официјално да бидат известени за сомнежите, докажува дека се работи за злонамерно дело.

Главниот обвинител Љубомир Јовески во ексклузивно интервју за Алсат вели дека предметот по кривичната пријава на државниот правобранител не може да му се довери на ниедно обвинителство освен на организиран криминал.

Државниот правобранител ги тужеше двајцата обвинители Гаврил Бубевски и Артан Ајро како и директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми поради сомнение дека не постапиле согласно законот во постапката за конфискација на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button