ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кристафи: Путин не сака инвазија на Украина, туку нејзино распаѓање

Вечерва во емисијата „Програма 200“ во Алсат експертот за меѓународни односи Ледион Кристафи во врска со тензиите меѓу Украина и Русија изјави дека Владимир Путин не сака инвазија на Украина туку нејзино распаѓање.

„Рускиот премиер Путин не сака инвазија на Украина, но тоа што го сака е нејзино распаѓање, признавањето на некои територии од Русија е погрешен чекор и со оваа теорија подгрева повеќе тензии“, рече Кристафи.

Тој вели дека не го гледа конфликтот меѓу Украина и Русија во големи размери, бидејќи, како што вели, Русија сè уште е во маките на Авганистан во 1980-тите, и дека од 2014 година Русија ги прекршила сите правила во врска со неповредливоста на границите.

Кристафи вели и дека Македонија и Албанија бидејќи се членки на НАТО ќе имаат директно влијание врз конфликтот во Украина./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button