Критики во извештајот на народниот правобранител за учењето преку далечина

Недостатоците во образовниот процес што произлегоа од спроведувањето на мерката за учење преку далечина се идентификувани и во годишниот извештај на Народниот правобранител за 2020 година. Со одлука на Министерството за образование за учење преку далечина, за која не сите имаат економски услови, повреден е членот 43 од Уставот на Северна Македонија, како и Конвенцијата за правата на детецата, според која секој треба да има пристап до образование под еднакви услови, се вели во извештајот.
„Недостатокот на технолошките алатки, компјутери, недостаток на електрична енергија, неквалитетен интернет сериозно ја влоши реализацијата на образовниот процес. Овде особено погодени се децата со попречености, кои скоро целосно беа елиминирани од можноста да присуствуваат на образовниот процес “.
Во презентацијата на Годишниот извештај, народниот правобраниел Насер Зибери рече дека пандемијата, покрај образованието, влијаела и на многу други области, секогаш на негативен начин.
Бројот е голем, особено во однос на судските претставки. Претставките во овој сегмент се доминантни, над 400. Скоро половина од нив се поплаки против работата на извршителите. Ситуацијата во затворите сè уште е незавидна. Тука потенцирам уште две прашања, прашањето за државјанството како една од најстарите рани во земјата. Можноста за издавање на сертификати по електронски пат, за жал овој систем не работи ”
Регистрирани се голем број поплаки од областа на работните односи, заштитата и социјалното осигурување, пензиското и инвалидското осигурување итн. Во извештајот се наведува дека во 2020 година биле регистрирани 2731 претставки, скоро половина од бројот од 2019 година кога биле регистрирани 4705. Народниот правобранител преполовувањето на оваа бројка го објаснува не со поголемо почитување на правата на граѓаните од страна на институциите во земјата, туку со стравот на граѓаните да се движат поради пандемијата.
Evi Shkopi