ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичен ја прозва Апелација: Со одлука по една година, има ризик од застарување на делото

Организаторите на крвавиот четврток, поточно 27 април, не успеаја да се спасат со законот за амнестија – но по вчерашната одлука на Апелација може да им се поништи затворската казна на првостепениот суд, со тоа што на Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов кривичните дела можат да им застарат.

Advertisements

Апелација одлуката ја донесе повеќе од една година по поднесување на жалбите и предметот го врати на повторно судење поради тешки повреди на кривичната постапка од страна на Кривичниот суд. Од Судот, одговорија со остра реакција – што се случува за прв пат, бидејќи досега не е беше својствено Судот да ги коментира одлуките на Апелација. Апелација мораше веднаш да одлучи за да се спречи можноста за застареност – пишува во реакцијата од Судот.

„Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас“, наведуваат од Кривичен.

Освен ова Кривичен ја посети Апелација дека наместо да ги укинува пресудите, има можност да носи мериторни одлуки, што според нив ќе придонесат во борбата против организираниот криминал и корупција.

Кривичен му возврати и на министерот за правда, кој преку соопштение го повика Судскиот совет да испита дали пропустите од прв степен се намерни или не и да следува дисциплинска постапка. Кривичен го повика министерот Кренар Лога да се воздржи од избрзани, непроверени и штетни изјави.

Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука, наведуваат од Кривичен.

Потсетуваме дека за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, овие организатори беа прогласени за виновни со вкупно 25 години затвор. Во истрагата првично беше опфатен и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот разузнавач Никола Бошковски, но постапката за нив беше стопирана поради бегство. Ова не е единствен предмет што Апелација одлучува да го укине. Иста судбина имаа и случаите за масовно прислушување „Таргет тврдина“, „Трезор“, и „Титаник 2“.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button