ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Означен старт на изградбата без епилог од предистражната постапка

Поставена е и плочата за почеток на изградбата на автопатот на Коридорот 8 и покрај прелиминарната истрага во Обвинителството за организиран криминал и корупција, отворена врз основа на допрен глас за можни прекршувања на законските процедури. Од Обвинителството појаснија дека предметот е во предистражна фаза додека обвинителот на случајот не утврди дали има или не елементи на кривично дело. Прелиминарната истрага беше започната една недела порано по  медиумските извештаи за сомневање за неправилности.

Тендерот го доби групацијата на компании „ИРД Инженеринг“, „Електрасолушнс“, Евроконсалтинг“ и „ЕПТИСА“. Три од четирите веќе се со нарушен кредибилитет.

„Електрасолушнс“. Компанијата  добила лиценца за надзор на работите со други инженери од оние кои биле наведени. Оваа компанија при договорот пријавила десетина вработени, но претходно на крајот на годината декларирала само двајца. Некои експерти немаат релевантна документација, а самата фирма најголемо искуство има во производството на долна облека. И покрај тоа што италијанската компанија е носител на надзорот, преку „Електрасолушнс“ ќе помине најголемата сума од 22,3 милиони евра предвидена за таа намена. Ова претпријатие се наоѓа на иста адреса какако фирмите кои не успеаја да обезбедат пари за банкарската гаранција при првиот тендер бидејќи парите им биле во руски банки.

„Евроконсалтинг“. Компанија основана од Бранислав Димитријевиќ, со актуелен менаџер Зоран Димитријевиќ е следна која ќе се занимава со надзорот. Оваа фирма, чиј сопственик Ерменија го гони за измама, доби дел од мултимилионскиот пакет и покрај тоа што Владата беше запознаена со минатото на Димитријевиќ, неговата недостапност за органите на прогонот во нашата земја и сомнежите за манипулации во однос на сопственоста на компанијата со цел таа да се приспособи на условите за учество на тендерот. Владата и Јавното претпријатие „Државни патишта“, наместо да се оградат од овие околности, излегоа во одбрана на компанијата и нејзиниот имиџ.

„ЕПТИСА“. Јаболко на раздорот поради кое Владата зажали за донесената одлука. Шпанската компанија беше јавно посочена од Владата во ноември 2020 година како фирма со која општините или државните институција не треба да соработуваат за проекти над 1 милион евра. Но, само 10 недели подоцна, соочена со можност да добие тужба за прекршување на договор,  Владата ја повлече одлуката, односно ја укина наредбата за несоработка со оваа фирма.

Рокот на тендерот беше продолжен, а беа изменети и условите за учество, со што им се олесни и им се овозможи на компаниите со негативно салдо во последната година да учествуваат во надзор и консултантски услуги. Но сите овие информации што ги обелоденија медиумите и одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција кое отвори предмет по допрен глас, воопшто не влијаеја врз Владата.  Промоторите на овој проект, кој го нарекоа историски, сите критичари ги прогласија за непријатели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button