ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Без лопати и градежна механизација означен старт на градежните работи на Коридорот 8

Иако без лопати и без бетон, на патот Тетово-Гостивар беше поставен камен-темелникот на Коридорот 8. Премиерот Димитар Ковачевски уште пред да почнат работите оптимистички порача дека Македонија станува раскрсница на Балканот.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најде време за неколку зборови.

„Да поврзуваш со мостови и брегови во цел Балкан е светла работа која директно ќе послужи за уште поцврсти врски на пријателство“, рече Ахмети.

Вицепремиерот Артан Груби му се заблагодари на лидерот на партијата за укажаната можност.

„Лидере, заврши и оваа работа. Благодарам”, рече Груби.

Амбасадорката на САД Ангела Агелер се заложи работите да завршат навреме.

„Ова е инвестиција за иднината на Северна Македонија и иднината на земјите поврзани со Коридорот 8 и пошироко“, рече Агелер.

Во меѓувреме, директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, Ејуп Рустеми, го облеа емоции.

„Почитуван премиере, почитуван претседателе на Собранието, почитуван прв премиере, почитуван претседателе Али Ахмети. Министерот за транспорт, г-дин Ковачевски“, рече Рустеми.

Камен-темелникот на Коридорот 10-Д ќе биде поставен следната недела. Изградбата на два коридора во првите 4 дела опфаќа автопат во должина од 110 километри, а вреди 1,3 милијарди евра. Во оваа сума не е вклучена експропријацијата, што значи зголемување на трошоците. Градежна компанија ќе биде турско-американскиот конзорциум Бехтел&Енка.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button