ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Полиграф“ на Алсат меѓу најгледаните емисии

Емисијата „Полиграф“ што се емитуваше на Алсат телевизија обелодени дезинформации, неосновани сознанија, конспиративни идеи чија цел беше да се манипулира јавноста, покажувајќи јасно како е вистината. Овој проект, кој беше поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, беше исклучително успешен и се позиционираше меѓу најгледаните емисии, не само на Алсат. Петрит Сарачини, од Институтот за аналитика и медиуми, кој овие 24 недели работеше со својот тим на потрага по вистината, рече дека успехот на оваа емисија докажал колку граѓаните се заинтересирани да научат како да разликуваат дезинформации и како да ја бараат вистината.

„Тие се опасност за демократијата во прогресивните, западни земји, вклучително и во Македонија. Ги ставаат во позиција да не им е јасно што е вистина, а што не е точно. Оваа конфузија создава недоверба во државните институции, општа недоверба во медиумите, општа недоверба кон она што се елаборира како информација од јавен карактер. Тие се опасност за самото постоење на професионални медиуми, бидејќи јавноста бега од нив, станувајќи плен на сензационални информации кои го привлекуваат нивното внимание. И ова е војна меѓу професионални медиуми и непрофесионални медиуми. Тоа е борба за правично информирање, тоа е борба за слобода на информирање, тоа е борба за демократијата воопшто“, рече Сарачини.

Минатата година доминираа дезинформации поврзани со агресија на Русија против Украина.

„Имаше и многу дезинформации поврзани со преговорите на Македонија со Европската Унија. Има многу дезинформации поврзани со борбата меѓу политичките актери. Политичките партии за жал дејствуваат на пропаганден начин, обидувајќи се да му наштетат на политичкиот противник, често користејќи дезинформации или невистини“, вели Сарачини.

Сарачини рече дека војна со дезинформациите треба да им се објави на сите, од граѓани до институциите и политичките чинители, но медиумите треба да бидат свесни за етиката и професионалните стандарди да ја проверуваат веста пред да ја објават и да не трчаат по сензационализам, туку по професионализам.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button