МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за тројца за набавка на медицински средства за Клиниката за токсикологија

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица, од кои првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија – Скопје, второпријавениот – управител на правното лице „Уни-медикал ПСТ“ – Скопје и третопријавената – службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, поттикнување, фалсификување службена исправа и несовесно работење во службата.

„Првопријавениот, со својство на организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија, во текот на 2016 година, поттикнат од второпријавениот во својство на управител на правното лице ’Уни-медикал ПСТ’ ја искористил службената положба и овластување, на начин што, спротивно на Законот за јавни набавки, без да постапи целосно по Решението за давање согласност на Советот за јавни набавки, иако знаел дека Клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас за набавка на медицински средства во кој дефинирал набавка во еден неделив предмет и технички спецификации, кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата, а со цел фаворизирање на економскиот оператор „Уни-медикал ПСТ’. Со тоа на правното лице, како единствен понудувач, му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3 542 317 денари, а воедно пријавените предизвикале и штета на буџетот на Клиниката во износ од 942 315 денари“, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button