ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК, потврдени изборните резултати од вториот круг во четири општини

Државната изборна комисија на денешната седница ги потврди конечните изборни резултати од вториот круг на локалните избори во четири општини. Во Општина Желино кандидатот на Беса, Блерим Сејди е новиот градоначалник. Во Брвеница, Јовица Илиевски од ВМРО – ДПМНЕ, во Студеничани, Азем Садики, кој од ДПА премина во Алијанса, а во Старо Нагоричане, актуелната градоначалничка Жаклина Јовановска од СДСМ доби втор мандат. Во три општини останува неизвесно кој ќе биде градоначалник. Во Дебар вториот круг ќе се одржи в недела, а за општините Центар Жупа и Маврово и Ростуша допрва Собранието треба да распише нови избори, бидејќи на 17 октомври не излегоа доволно гласачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button