ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: РЕК „Битола“ е надвор од функција, јаглен има уште за два дена

РЕК „Битола“ е надвор од функција, јаглен има за два дена и може да снема струја, изјави денеска на прес-конференција Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Никогаш досега РЕК „Битола“, како што вели, не бил надвор од функција среде грејна сезона.

„Овој капацитет, поради неспособноста на Владата, од утрово е надвор од функција. Откако пред неколку дена се запали трансформатор на блок 3, утрово има проблеми и со блок 1. РЕК, првпат по години, не произведува струја и тоа не е не планирано туку од неспособност среде енергетска криза, кога цените на струјата на светските берзи рушат рекорди. Без РЕК ’Битола’, хидроакумулациите и другите капацитети на ЕЛЕМ не се доволни за да ги задоволат потребите за струја на земјата. Државата ќе го плати прескапо неработењето на РЕК“, изјави Кочоска.

Од РЕК „Битола“ претходно соопштија дека, поради дефект, од синоќа е исклучен блок 1. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button