ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нова хаварија во РЕК Битола, централата не произведува струја, познати причините

Нова хаварија се случила рано изутринава во РЕК Битола, по што во оваа термоелктрана веќе не се произведува струја, соопштија од ЕСМ.

Во соопштението се наведува:

„Заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа“, велат од ЕСМ.

Претходно поради хаварија во РЕК надвор од функција беа вториот и третиот блок поради што производството беше потпрено само на еден блок но во моментов и тој не работи.

„Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава“, се додава во соопштението на ЕСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button