
По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, акционерското друштво Алкалоид и оваа година организираше акција со вработените. Крв даруваа 150 вработени. Во голем број станува збор за лица кои имаат повеќебројни дарувања и кои ја продолжуваат долгата традиција на дарување крв во компанијата, но во голем број беа и од помладата генерација вработени кои за првпат даруваат крв. Тоа, велат од Алкалоид е уште еден доказ дека нашиот највреден ресурс, нашите вработени, секогаш и во сѐ помасовен број се подготвени да ги покажат своите хуманост и солидарност на дело.