ВЕСТИЕКОНОМИЈА

КСС: Владата врши притисоци на сите кои што најавуваат протести

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралковски ја обвини Владата за притисоци и прогон кон синдикалци кои најавуваат протести и не размислуваат исто како власта. Ралковски обвини дека претседатели на гранкови синдикати добиле отказ или се прераспределени на пониски позиции и далеку од местото на живеење, само поради тоа што имале синдикални активности. Ралковски како пример го кажа и сопственото искуство, дека е избркан од работа од Агенцијата за Катастар на недвижности и покрај тоа што судот донел одлука дека неосновано е отстранет од неговото работно место.

„Бев избркан од работа, го добив мојот случај позитивно на првостепен суд, позитивно на второстепен суд, на врховен суд позитивно. Но, добив отказ по истиот основ повторно. Најтазе е примерот со синдикатот на полицијата, објавија протест и повторно добија прераспределување. После првиот протест ги однесоа и него и неговата сопруга да работат надвор од градот на живеење“, рече Благоја Ралковски претседател на КСС.

Претставниците на овој синдикат кој ги застапува правата на вработените во јавниот сектор тврди дека никогаш досега вработените под државна капа не работеле под притисоци какви што има во моментов. Ралковски потенцираше и дека треба под итно да се исплаќа цела плата на лица кои се заболени со ковид на работното место. Од КСС најавија и дека ќе организираат првомајски протест, но и дека ќе имаат серија активности за подобрување на правата на работниците.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button