КОШАРКАСПОРТ

Евролига – Завршниот натпревар без публика на трибините

Раководството на Евролигата во кошарка, одлучи завршниот турнир да се одржи без присуство на навивачи на трибините. Оваа одлука е донесена со цел да се зачува здравјето на кошаркарите и гледачите. Пристап до спортската сала во Келн, каде што ќе се одржи турнирот „Фајнл фор“, ќе имаат ограничен број новинари, но и членови на тимовите учесници. Ова официјално ќе стави крај на една сезона, која во најголем дел се одвиваше без присуство на навивачи. Завршниот турнир ќе се одржи од 28 до 30 мај. Градот Келн остана организатор на овој настан, бидејќи пандемијата „Ковид 19“ ги запре натпреварувањата во Евролигата минатата сезона и немаше победници на ова натпреварување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button