ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На големо најавуваното уривање на галијата во Вардар, засега е сопрено

Бродот на среќата ќе може времено да работи. Не помина еден месец откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави негово уривање, судот донесе времена мерка со која го прекинува уривањето на галијата. Според инфомации на Алсат, времената мерка важи сè додека трае судскиот прцес во граѓанскиот суд меѓу Град Скопје и фирмата „Сервис“ која управува со галијата. Управителот на „Сервис“ не сакаше да ја коментира судската одлука.

Таа одлука ја обжали Град Скопје, но судски извори велат дека за жалбата не била уплатена административна такса. Сепак, ова не ги спречува да поднесат нова жалба со која ќе бараат да продолжи уривањето на галијата.

„Очекуваме дека наредната недела ќе се продолжи со извршувањето“, велат од Град Скопје.

Од галијата не е поместена ниту даска. Неа требаше да ја отстранува Јавното претпријатие „Улица и патишта“. Тие го извадија само мебелот. Град Скопје го раскина договорот со фирмата „Сервис“ која управува со галијата поради неплатени три закупнини, кои биле уплатени во градската каса по раскинување на дговорот.

Од фирмата се правдаат дека не извршиле уплата поради пандемијата. За ова тече судски спор во граѓанскиот суд, што може да трае со месеци. Сепак, судот ќе ја има финаланата пресуда дали оваа галија ќе остане во Вардар. Инаку, галијата се води како странска, во овој случај бугарска инвестиција и за уривањето беше информирана амбасадата на оваа држава во Македонија. Од амбасадата се бараше заштита на инвестицијата и да се реагира во македонското МНР за да се спречи уривањето.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button