ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кучиња скитници дивеат по улиците на Скопје

Кучиња скитници дивеат по улиците на Скопје

Децата и постарите се најранливи на нападите на кучињата скитници кои масовно дивеат низ некои скопски населби. Граѓаните се жалат дека многу деца веќе имаат фобија и се плашат да излезат надвор.

„Децата најмногу се плашат, се трауматизираат, возрасните не, но децата се трауматизираат. Особено на улицата Петар Манџуков има многу кучиња, се собираат, некој ги пушта, не знам од каде доаѓаат. Државата треба да ги земе и да ги однесе во стационар или да ги вакцинира.“

Во моментот кога Алсат престојуваше околу пазарот во Бутел, многу кучиња лежеа на земја, некои од нив со различни повреди.

Од Јавното претпријатие за згрижување кучиња „Лајка“ за Алсат велат дека немаат точен број на интервенции, но нагласија дека постапувале речиси по секоја пријава кај нив, особено ако локацијата на ваквите кучиња била блиску до училишни објекти или градинки.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button