Кучињата-скитници, ноќна мора за жителите на Тетово

Низ тетовските улици значително е зголемен бројот на бездомни кучиња. Жителите велат дека ситуацијата станува сè поопасна поради континуираните напади. Најголем проблем се населбите со училишта во близина, но и населбата зад мене односно Универзитетот во Тетово, каде бројот на кучиња е зголемен.
Последната жртва која беше студентка од Куманово, настрада од глутница кучиња кои ја нападнале. Таа се пожали и дека воопшто не била третирана во здравствените органи. Ојбаснување побаравме и од општина Тетово, но одговор немаа. Во февруари ни беше кажано дека наскоро ќе има итен состанок на Советот токму на оваа тема. Тетовчани бараат од општината итно да се реши овој проблем.
„Јас сум една од жртвите на кучињата-скитници, но за среќа не се случи ништо поголемо. Надлежните институции треба да помогнат. Жителите имаат мака со кучињата-скитници, но тие треба да се третираат бидејќи сепак се кучиња, институциите треба да се занимаваат со нив…“
„Воопшто немаме мир, ги има многу. Треба да се занимаваат со нив, не знам колку се, ги носат со комбиња. Воопшто не е пријатно за децата затоа што секогаш мислиме на најлошото бидејќи не можат да ги запрат кога кучињата напаѓаат…“
„Со оваа работа треба да се занимаваат органите, но тие воопшто не работат. Оние кои излегуваат наутро се плашат да одат на работа, да ги пратат децата на училиште. Бројот е многу зголемен, секое ќоше е полно“, реагираат тетовчани.
Општината веќе 10 години ветува дека кучињата-скитници ќе бидат отстранети, но безуспешно. Нивниот третман преку мали фирми не даде резултати, особено поради малиот буџет. Последниот тендер кој го доби фирмата „Амон Пет“, исто како и претходните, не даде никаков резултат, а општината во моментов нема договор за оваа услуга со ниту една компанија. Минатата година пропадна и проект за швајцарско финансирање за изградба на регионално прифатилиште за кучиња бидејќи општините од регионот не можеа да се договорат на чија територија да биде изградено.
Башким Сулејмани