ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќучук: Ако не успееме со Северна Македонија тоа ќе биде пораз и на Бугарија и на ЕУ

Доколку не се одржи првата меѓувладината конференција тоа ќе биде пораз за сите, и за Северна Македонија, но и за Бугарија и за самата Европска Унија, оцени бугарскиот европратеник и известувач за земјава во Европскиот парламент, Илхан Ќучук во интервију за телевизја „Клан“.

Според него, граѓаните на Северна Македонија заслужуваат подобра иднина и членство во Унијата. Затоа тој смета дека историјата мора да ја преговараат историчарите, но политичарите се оние кои мора да внимаат на другите интегративни процеси.

– Германската канцеларка покажа дека силно ја поддржува европската интеграција на регионот. На Берлинскиот процес гледам како на олеснителен лост за решавање на проблемите. Голем поттик е што германското претседателство поттикнува ваква иницијатива. Ако не успееме, сите ќе бидеме губитници. Јас би рекол дека ќе биде тројна загуба. Загуба за Северна Македонија, загуба за Бугарија, но и загуба за Европската унија. Прво, загуба за Северна Македонија, бидејќи тие направија многу жртвувања кон европскиот пат на земјата. Би било загуба за Бугарија, бидејќи е соседна земја. Во Европската унија ни требаат сојузници и партнери кои го разбираат начинот на кој размислуваме. И, загуба и за кредибилитетот во Европската унија по толку големи чекори преземени од Северна Македонија, изјави Ќучук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button