ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Куќен притвор за осудените во случајот „Организатори на 27 април”

Судечкиот совет предводен од Илија Трпков, им изрече мерка куќен притвор на Трајко Велјановски, Спиро Ристоски и Владимир Атанасов кои денеска беа осуден на затворски казни за случајот „Организатори на 27 април”.

Ова одлука следеше откако обвинителката Гордана Смаќоска побара изрекување на мерка притвор, но истата судот ја одби. Воедно, за Миле Јанакиески, судечкиот совет истакна дека останува во сила мерката куќен притвор.

Кривичниот суд Скопје денеска ја објави пресудата за ,,Организаторите на 27 април” и обвинетите ги осуди на вкупно 25 години затвор.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски, е осуден на шест години и шест месеци, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, исто така обвинет во овој случај е осуден на шест години и три месеци. На шест години и три месеци затвор е осуден и поранешниот министер за наука и образование Спиро Ристоски.

За виновен е прогласен и Владимир Атанасов, поранешен директор на УБК, и е осуден на шест години затвор.

Судската постапка за случајот „Организатори на 27 април” траеше една година и шест месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button