РЕГИОН

Курти: ЕУ и САД се премногу попустливи кон Србија

Европската Унија и САД се премногу меки и попустливи кон Србија. Ова го изјавил косовскиот премиер Албин Курти во интервју за „Фајненшл тајмс“ додавајќи дека Србија треба да застане на страната на Западот против Москва за да му даде гаранција на Косово дека е посветена на нормализација на односите.

Според него, и усогласувањето на надворешната политика на Србија со надворешната политика на ЕУ е од клучно значење, со цел да се создаде чувство на безбедност на Косово.

„Кога Србија ќе воведе санкции кон Руската Федерација, тоа ќе биде момент кога ќе покажат дека сакаат да се интегрираат во ЕУ. Србија без Русија не може да ја загрози безбедноста на континентот. Тогаш може да верувам дека тие во основа сакаат мир“, рече Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button