Курти и Вучиќ во Брисел на средба со новата шефица на европската дипломатија

Косовскиот премиер, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретнат денеска со новата шефица на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Одделните средби на Калас со Курти и Вучиќ во Брисел, кои ги потврди и портпаролката на ЕУ за надворешна политика, Анита Хипер, нема да бидат во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, процес кој го посредува Европската Унија.
Калас е новата шефица на надворешната и безбедносната политика на ЕУ и заедно со останатите нови комесари на Европската комисија го започна својот мандат на 1 декември.
Портпаролката Хипер, на вчерашната прес-конференција, одговараше на прашања во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенец во Северно Косово во петокот, на 29 декември, како и за иднината на дијалогот меѓу Косово и Србија.
Таа го повтори ставот што ЕУ го изрази ден по нападот во селото Варага кај Зубин Поток, опишувајќи го како терористички напад врз критичната инфраструктура на Косово и ги повика сите да соработуваат со косовските власти за да се откријат сторителите и истите да се соочат со правдата.
За средбите што Калас ќе ги одржи во Брисел, Хипер појасни дека тие нема да бидат дел од дијалогот меѓу Приштина и Белград.