РЕГИОН

Курти: Логично е мерките на ЕУ да бидат укинати пред новите избори на северот на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека е логично мерките што ги воведе Европската унија во Косово да бидат укинати пред да дојде време за одржување нови избори во општините на север на Косово.

Advertisements

„Се подготвуваме за вонредните избори на север и за овие мерки кои се преземени против нас и кои се нарекуваат привремени и реверзибилни, секако очекуваме што поскоро да бидат отстранети и логично е тоа да се случи претходно. Не се работи за услови, туку за логичен редослед на работите, чиј прв чекор треба да биде имплементација на договорот меѓу Бисљими и Лајчак, кој беше спроведен во Братислава и создава минимум нормалност за вонредните избори“, рече Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button