РЕГИОН

Курти нема да присуствува на средбата на лидерите од ЗБ во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти нема да учествува на неформалниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Тирана.

Advertisements

Оваа информација ја потврди портпаролот на Владата на Косово, Прпарим Круезиу, со образложение дека премиерот има и други обврски во Грција.

„Премиерот Курти го информираше премиерот на Албанија Еди Рама дека нема да може да оди овој пат на средбата, бидејќи пред неколку месеци го потврди своето учество на конференција на Крит, Грција, каде што панелот за Западен Балканот се одржува во ист ден и во исто време“, напиша Круезиу на својот Фејсбук профил.

Средбата во Албанија ја организира албанскиот премиер Еди Рама како дел од подготовките за самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button