ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Погрешно е да се политизира борбата против криминалот

Премиерот на Косово, Албин Курти на Економскиот самит во Скопје, запрашан за неодамнешните немири на северот на Косово по полициската акција против шверцот, рече дека косовските институции нема да дозволат стабилност на криминалот. Курти рече дека српските и албанските криминалци соработуваат совршено и оти мора да се бори против нивните групи.

„Вчера наутро имаше полициска акција во четири различни општини на Косово. Пеќ, Приштина, Северна Митровица, Јужна Митровица, каде што соработуваа разни криминалци, Албанци и Срби. Судијата на претходната постапка и обвинителот што ја наредија акцијата беа Срби. Многу полицајци беа Срби. Некои од повредените полицајци беа Албанци, некои Срби. Погрешно е да се национализира или политизира борбата против организираниот криминал“, рече меѓу другото Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button