ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциската комисија ги отфрли двата приговори на „Левица“ и СДСМ

Антикорупциската комисија го отфрли приговорот на партијата „Левица“ против независниот кандидат за Град Скопје Данела Арсовска и приговорот на СДСМ против независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски за билбордите.

“Обвинувањата во приговорот против независниот кандидат за Град Скопје, Данела Арсовска, се незаконски и немаат никаква врска со правните норми. Не се потврдени и на правен аспект се неосновани.”

Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска рече дека се соочиле со серија пропусти во Изборниот законик поврзани со рекламирање на билборди. Таа рече дека според сегашниот Изборен законик, не може да се преземат казнени мерки за користење простор на билборди за црна кампања, како и за недостаток на натписи на билборди за тоа кој е нарачателот на рекламата.

Антикорупционерите велат дека од теренските набудувања, забележале голем број рекламни плакати залепени на несоодветни места како што се јавни згради, столбови, градилишта, огради и така натаму.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button