РЕГИОН

Курти: Пред 25 години, згаснаа надежите на српската политика за празнење на Косово од Албанците

Курти: Пред 25 години, згаснаа надежите на српската политика за празнење на Косово од Албанците

Косово слави 25 години од ослободувањето. На поранешниот британски премиер Тони Блер, кој одигра водечка улога за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, во Приштина му беа доделени наградите „Клуч на градот“ и „Почесен граѓанин на главниот град“. Наградата „Клуч на градот“ му се доделува и на премиерот на Албанија, Еди Рама. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го нарече поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, херој на Косово.

„Демократскиот свет засекогаш ќе го памети ѕвонењето на зборовите, цитирам „едноставно оваа е вистинската работа за да се направи“, кажани од г. Блер пред 25 години кога го покани демократскиот свет да му се придружи, за да ги запре грозоморните злосторства на режимот на Милошевиќ во Косово“, рече Вјоса Османи, претседателка на Косово.

„Тогаш бев убеден дека интервенцијата на НАТО е вистинската работа и се уште сум убеден. Исто така, сега сум убеден дека требе да застанеме покрај народот на Косово за иднината на Косово да биде во согласност со заслугите на неговиот народ. Овде се случуваат многу позитивни работи кои се поука за целиот свет, не само за народот на Косово„, рече Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија.

„На  10 јуни 1999 година, НАТО го прекина бомбардирањето на Југославија по 78 дена бомбардирање. Во Њујорк, Советот за безбедност на Обединетите нации ја одобри резолуцијата 1244, со која се овластува распоредување на воени и цивилни сили на Косово. Со ова се згаснаа надежите на српската државна политика“, додаде Албин Курти, премиер на Косово./Алсат.мк

Џесика Салахи

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button