РЕГИОН

Курти: Србија мора да се соочи со своето криминално минато на Косово

Курти: Србија мора да се соочи со своето криминално минато на Косово

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска изјави дека Србија мора да се соочи со своето криминално минато на Косово, а Специјалното обвинителство мора да работи деноноќно за одговорните да бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата. Курти додал дека само така ќе започне рехабилитацијата за жртвите од последната војна на Косово.

По почестите на спомен плочата на масакрот во населбата „Дарданија“ во Пеќ, Курти истакна дека правдата и вистината се неопходни за долгорочен мир, безбедност за сите и добрососедски и нормални односи. На 27 март 1999 година, жителите на населбата Дарданија во Пеќ доживеале ужас кога српските паравоени единици почнале да ги одвојуваат мажите од нивните семејства, а потоа ги застрелале и влегле во куќите на овие населби каде извршиле тешки масакри.

„Правдата и вистината се неопходни за долгорочен мир, безбедност за сите и добрососедски и нормални односи. Србија мора да се соочи со своето криминално минато на Косово, а во меѓувреме косовското обвинителство, Специјалното обвинителство мора да работи деноноќно за да се идентификуваат одговорните, да се изведат пред лицето на правдата и на овој начин да започне рехабилитацијата на жртвите. Се знае дека жртви не се само убиените и киднапираните, туку и нивните семејства, роднини и целото наше општество“, рече Албин Курти, премиер на Косово.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button