Кузеска: Да не чекаме некој од надвор да нѐ повика на отчетност пред граѓаните

Портпаролката на владејачката СДСМ, Богданка Кузеска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат рече дека политичките партии, кои меѓу другото, се финансирани и од пари на граѓаните треба да имаат сопствена иницијатива за транспарентност и отчетност пред народот, без да треба некој од надвор да ги повика на таков чекор.
„Пред граѓаните, сите политички партии треба да настапуваме транспарентно и не треба да чекаме некој нас да нѐ подбутне, да нѐ повика на маса и да ни каже дека треба да бидеме отчетни пред граѓаните. Toa што го работиме финансиски и што го добиваме и од граѓаните, како што кажавме 3,5 милиони евра се тоа, распределени за партиите во нашата држава, треба самосвесно, самоиницијативно, да знаеме дека информациите коишто се потребни на јавноста треба да ги обезбедуваме на време“, рече Кузеска.