ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Квалитетот на расправата во Собрание бележи пад

Квалитетот на расправата во Собранието е опаднат и се оценува со лоша оценка. При презентацијата на извештајот за следење на работата на Собранието, Институтот за демократија истакна дека во втората половина од минатата година расправата во Собранието добила оценка 5,4, што е минимална и пониска од првата половина од годината кога квалитетот на расправата беше оценет со 5,6.

Advertisements

„Генерално, има влошување на степенот на аргументација од страна на учесниците во дискусијата во Собранието. Говорниците во 52% од нивните говори немале аргументи, додека во 41% имале лоши аргументи. Еден или повеќе аргументи се регистрираат во 7% од дискусијата. Во овој период во набљудуваните дискусии е забележана промена на ставот кај 9 пратеници поради подобрата аргументација на соговорниците за точката од дневниот ред“, наведуваат од Институтот за демократија.

Од Институтот за демократија велат дека во периодот јули – декември 2021 година била одржана само една седница за пратенички прашања со што се ограничила способноста на Собранието да ја контролира и надгледува извршната власт, а не била одржана надзорна седница. Пратениците од опозицијата биле поактивни во дебатите.

„Од набљудуваните дискусии, 42 отсто се говори, додека 28 отсто од дискусиите се реплики и 24 отсто контра-реплики. Ова укажува на релативно задоволително ниво на интерактивност меѓу пратениците, но споредено со претходните периоди бројот на одговори е значително намален, што покажува помал интерес за дискусија кај пратениците“, додаваат од Институтот за демократија.

Пратениците 91 пат го искористиле правото на процедурални говори за да ги искажат своите забелешки и ставови. Најактивен пратеник во Собранието во периодот од јули до декември минатата година, е Бојан Стојановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во овој период на собраниската говорница излегол вкупно 546 пати.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button