
Комисијата за заштита од заразни болести (КЗБ) предлага ковид сертификатот по прележана болест наместо 45 да трае 180 дена. Веста денеска ја споделија со јавноста членовите на Комисијата.
Овие потврди служат за продолжување на рокот за неограничено движење на пациентите во земајва и во странство, без разлика дали не биле вакцинирани или примиле една или две дози имунизација.
Од комисијата додаваат дека засега не се размизлува за укинување на ковид сертификатите бидејќи епидемијата сѐ уште е во ек, а процентот на вакцинирани граѓани со две дози во нашата земја е околу 40%.