ВЕСТИРЕГИОН

Лајчак на разговори во Приштина и во Белград

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во Приштина, а потоа во Белград, каде што ќе има средби со учесниците во дијалогот. Лајчак во Приштина, како што соопшти косовската влада, ќе има работен ручек со премиерот на Косово, Албин Курти и со шефот на приштинската делегација во дијалогот, Бесник Бислими. Претседателството на Србија пак соопшти дека Лајчак доцна попладне во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Лајчак кон крајот на минатиот месец по средбата со косовскиот премиер Курти во Приштина изјави дека мора целосно да се спроведат сите претходно постигнати договори во дијалогот меѓу Косово и Србија. Тој претходно оцени дека германско-францускиот план во суштина е план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека содржи 11 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button