ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лајтенс: ФРОНТЕКС ќе обезбеди поголема ефикасност во борбата против мигрантските рути и криминалот

Силите на ФРОНТЕКС ќе бидат поприсутни и со тоа ќе обезбедиме поголем квалитет и поголема безбедност на границите и јас се надевам и убеден сум дека тоа ќе помогне во борбата против криминалот и на оние на кои им е потребна нашата помош. Соработката е одличен пример како ФРОНТЕКС сака да соработува со трети земји, со вас и со останатите земји што го сносат товарот на мигрантските рути, изјави извршниот директор на ФРОНТЕКС, Ханс Лејтенс на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Advertisements

На новинарско прашање дали присуството на службениците од ФРОНТЕКС може да ја направи неатрактивна балканската рута, Лејтенс рече дека не станува збор само за борба против мигрантските рути, туку и за борба против криминалот.

– Криумчарењето на мигранти е еден од најлошите кривични дела со кои можеме да се соочиме. Може само да си замислите што се тоа значи и затоа е важно да го преземеме наредниот чекор во Западен Балкан и морам да кажам дека ова е важен чекор за Владата на Северна Македонија, затоа што тие се отворени за оваа соработка, ја сакаат нашата помош и ние сме задоволни што можеме да им помогнеме, но истовремено ние ќе учиме од вашите полициски службеници затоа што сакаме да ги знаеме специфичните карактеристики на балканските мигрантски рути и токму поради тоа се потребни заеднички операции и активност не само со Северна Македонија, туку и со останатите западнобалкански земји. Јас сум убеден дека ќе постигнеме успех. Но, ова е маратон, а не е брзо трчање, не е спринт, вели Лајтенс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button