ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По урнек на Владата и Скопје ќе го бистри Вардар со договор кого јавноста не го знае

Доцнењата во потпишувањето на договорите за отпочнување на изградбата на филтер станицата за отпадни води во Скопје, се случија поради несогласувањата во Град Скопје. Ова го изјави министерката за екологија Каја Шукова, која за Алсат потврди дека се потпишани договорите со градежните и надзорните компании и се очекува работите да започнат наскоро.

Како што дознава Алсат, компаниите кои ќе ја вршат изградбата и надзорот на филтер-станицата се германска и италијанска компанија. Но, градот Скопје и ЈП Водовод и канализација остануваат затворени за медиумите и не го потврдуваат ниту потпишувањето на договорите, ниту почетокот на работите. Изградбата на Пречистителната станица на реката Вардар е проект кој ќе чини над 180 милиони евра и е финансиран од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Европската комисија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Станицата се очекува да биде изградена на 13.000 хектари земјиште и ќе прочистува до 90% од водата која се излева во Вардар.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button