ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ламбе Алабаковски го запалил „Ванчо Михајлов“

Од пејач до пироман. Лабе Алабаковски го потпалил бугарскиот културен центар „Ванчо Михајловски“ во Битола. Полицијата денеска го уапси Алабаковски, по детално разгледување на снимките на бугарскиот клуб, но и на околните објекти во Битола. Полицијата ја нашла и облеката која пејачот ја носел утрината кога беше опожарен бугарскиот културен центар.

„Доцна синоќа по наредба на надлежниот суд, а по предлог на СВР Битола и надлежниот обвинител е извршен пртерес во објектите, значи во домот и во неколкуте објекти коишто ги користи или се сопственост на сторителот на кривичното дело, притоа се пронајдени облеката и други предмети коишто се доведуваат во врска со кривичното дело, тоа значи дека имаме неспорни и несоборливи докази“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски не го откри идентитетот на потпалувачот. Претходно МВР соопшти дека приведеното лице го признало делото. Против него ќе се поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност. Според кривичниот законик, за ова дело се предвидва затворска казна од шест месеци до пет години.

Во меѓувреме, адвокати најавуваат бесплатна правна помош за 34 – годишниот пејач Лабе Алабаковски, откако во јавноста протече дека токму тој го запалил клубот „Ванчо Михајлов“. Бугарската влада го поздрави приведувањето и им се заблагодарија на властите во Скопје за ефикасноста. Пожарот предизвика многу реакции во јавноста и во Македонија и во Бугарија. Центарот беше отворен на средината од април и предизвика тензии кај нас бидејќи е именуван по соработник на Хитлер.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button