РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров: Да бидам искрeн, не очекував ваков резултат

Ракометарите на Македонија одиграа нерешени 27-27 против фаворитот Унгарија на стартот на Светското првенство. Натпреварот во „Арена Вараждин“ понуди огромна борба  и останува жал поради одличната игра и предноста која ја испуштивме.

Advertisements

На средбата со новинарите по натпреварот анализа на одиграното даде селекторот Кирил Лазаров. Тој и покрај испуштената победа нагласи дека е задоволен од одиграното против фаворитот.

„Ова беше голем успех за нас, морам да бидам искрен дека не очекував ваков резултат. Унгарците беа одлични на последните големи собири, имаат многу добри играчи, искусни ракометари. Чема Родригез беше еден од најдобрите централни бекови на светот, а и како тренер покажува дека е на високо ниво освојуваќји ја Лигата на Европа со Бенфика. Задоволни сме, знаеме дека за два дена имаме уште потешка задача, да играме против Холандија. Сите знаат дека иако можеби Унгарија е подобар тим, немаме многу време за подготовка за вториот дуел.

 

Можеме да жалиме, имавме речиси добиен натпревар, иако можеше и да загубиме. Ова е екстра квалитетна репрезентација која само ќе расте на турнирот. Имавме страшна кохезија во одбрамата, исто така за пофалба беше и транзицијата и нападот. Ги потрошивме нашите наши играчи со скратена ротација. Мора да се вратиме во ритам, иако немаме доволно време за одмор. Треба да бидеме уште поборбени во петок. Ние доста трениравме, ова е млада репрезентација и треба да има сили. Потребно е и ментално да бидеме силни. Ќе биде потешко против Холандија, ама имаме рутина и мислам дека момците ќе ги сфатат замислите. Ќе работиме на психолошкиот аспект, но не треба да тагуваме. Мора да се подготвиме за дуел со најбрзата репрезентација, знаеме како поминавме против нив на последното Светско првенство во Полска.

 

Имаме доста искуство, ниту една победа или пораз нема да не оттргне од тоа како играме. Не сум сигурен дали овие момчиња денес станаа мажи. Задоволни сме од прикажаното, можам да кажам дека на крајот загубивме доста. Имавме тајм-аут и договорено, меѓутоа го плативме цехот на неискуството во завршиот наш напад“, изјави Лазаров.

Македонија денес има ден одмор, а потоа в петок ќе се судри со Холандија во 18:00 часот. Последниот натпревар во првата фаза го играме в недела против Гвинеја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button