МАКЕДОНИЈА

Лефков за пресудата за „Талир 2“: Политички мотивирана во обид да се замолчи опозицијата

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат реагираше по пресудата во случајот „Талир 2“, во која покрај изречената затворска казна во траење од 6 годни за екс премиерот Никола Груевски, донесена е одлука и за запленување на партиското седиште. Како што оценува Лефков, станувало збор за обид за замолчување на опозицијата.

„Сведоци сме каква политичка пресуда донесе судот кога одлучи да се заплени партиското седиште и дел од партискиот имот. Невиден преседан во една демократска земја, односно на судење на физички лица да правите заплена на ваков имот кој е стекнуван со години и не може да биде третиран како имот на г-нот. Груевски или на генералниот секретар… Самата заплена укажува на политички монтиран процес којшто има само една цел, а тоа е да се замолчи опозицијата“, рече Лефков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button