
Лос Анџелес Лејкерс го заокружи ростерот за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона откако успеа да доведе нов центар што ќе донесе цврстина во рекетот по заминувањето на Ентони Дејвис.
Нов член на „езерџиите“ од денеска е Марк Вилијамс, кошаркарот кој досега ги бранеше боите на Шарлот и имаше добри бројки од 16 поени и 9,8 скокови по натпревар.
Еуфорија владее во Лос Анџелес по доаѓањето на Лука Дончиќ, но на сите им беше јасно дека во тимот беше оставена голема дупка во рекетот со заминувањето на Дејвис во Далас како дел од таа мега-размена.
Токму поради тоа генералниот менаџер Пелинка мораше повторно да се активира на пазарот, на крајот успевајќи да го донесе Вилијамс во размена за Кнехт, ветеранот Кем Редиш и „пик“ од првата рунда на драфтот во 2031 година.