РЕГИОН

(ВИДЕО) Популарната Црвена плажа на Санторини недостапна за туристите – земјотресите го менуваат изгледот на островот

Популарната Црвена плажа на грчкиот остров во Егејското море Санторини е затворена откако серија земјотреси предизвикаа уривање на карпи на тој потег. Сега до неа не може да се стаса по пат на копно, туку само од морето.

Повеќе од 1 000 земјотреси што изминатите денови го погодија островот овој грчки регион ја менуваат и конфигурацијата на теренот.

Досега најсилниот земјотрес е регистрирав вчеравечер со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Во меѓувреме, повеќе од 11 илјади луѓе го напуштија островот.

Црвената плажа во Санторини е позната по своите уникатни црвени карпи и црни камчиња. Објавени се и видеа на кои се гледа како ридот се урива на плажата.

Сеизмолозите се во очекување дека Санторини ќе го погоди земјотрес од над 6 степени според Рихтеровата скала.

Предупредуваат дека во случај на силен земјотрес можно е цунами, па затоа сметаат и дека е подобро навреме да се евакуира целото население.

Од понеделникот, затворени се училиштата на Санторини и на соседните острови Иос, Аморгос и Анафи. За граѓаните има препораки да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите, да избегнуваат напуштени објекти, да избегнуваат престој на пристаништата Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште Фира, да изберат безбедни рути по градските и локалните патишта поради опасност од одрони, како и итно да се евакуираат од крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button