КОШАРКАСПОРТ

Лејкерс славеше против Вариорс во кошаркарскиот маратон

Најубавиот натпревар сезонава во НБА, одигран е синоќа во Сан Франциско каде Голден Стејт и Лос Анџелес Лејкерс им приредија кошаркарски маратон на навивачите и за победникот мораа да играат и две продолженија.

Славеа Лејкерс со 145-144, а пресудија слободните фрлања на Леброн Џејмс на 1,2 секунди пред крајот на второто продолжение. Суперѕвездата на гостинскиот тим оствари трипл дабл со 36 поени, 20 скока и 12 асистенции.

„За ова ќе им раскажувам на внуците, за тоа како се натпреварував со најдобрите кошаркари кои некогаш играле“, беше Леброн полн со комплименти за противниците кои дадоа се од себе да дојдат до триумф.

Неговиот тим имаше водство од 118-116 пред крајот на основниот дел за на шест секунди пред истекот на времето Кари да постигне кош за израмнување и прво продолжение. Во него, Лејкерс пак водеа на 11 секунди пред крајот (130-127), но Томпсон погоди тројка и се избори за нови дополнителни пет минути.

На шест секунди пред крајот на второто продолжение, Кери постигна тројка за 144-143, но Грин во финишот го фаулира Леброн кому не му затрепери раката и со два прецизни шута му донесе победа на својот тим.

Покрај него, кај Лејкерс се истакнаа уште Ентони Дејвис со 29 поени и 13 скока и Данџело Расел кој постигна 28. Во домашниот тим, Клеј Томпсон постигна 14, а Вигинс и Куминга по 22 поена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button