КОШАРКАСПОРТ

Лејкерси, по две продолженија го победија Милвоки

Екипите на Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс одиграа фантастичен натпревар во НБА лигата. По две продолженија и голем пресврт, тимот од Градот на ангелите победи со 128-124 и тоа без својот најдобар играч Леброн Џејмс. Лејкерси на осум минути пред крајот имаа негатива од 19 разлика, а во последните три и пол минути влегоа со минус 10 (91-101). Сепак, од тој момент успеаја да го заклучат пристапот до нивниот кош и со серија од 10-0 го одведоа натпреварот во продолжение. Одлуката беше донесена дури во вторите пет минути, во кои повеќе од три минути ниту една екипа не можеше да го погоди кошот. Ривс со тројка го „скрши мразот“ за 124-121, а победата на Лејкерси ја обезбеди Расел од слободни фрлања.

Ентони Дејвис постигна 34 поени и имаше дури 23 скока, додека Ривс оствари „трипл-дабл“ со 29 поени, 14 скока и 10 асистенции. Од друга страна, Адетокунбо имаше двоцифрен учинок во три статистички категории – 29 поени, 21 скок и 11 асистенции. Лилард го следеше со 27 поени и осум асистенции

Далас ја врза петтата победа. Лесно го победија Сакраменто Кингс со 132:96 на гостински терен. Дончиќ постигна 28 поени и 11 скока, додека Кајри Ирвинг имаше 24 поени и осум асистенции.

Оклахома го комплетираше стопроцентниот учинок на гостинските екипи со победата над Њу Орлеанс од 119:112. Џош Гиди постигна 25 поени, а Шеј Гилџис-Александер 24 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button