ВЕСТИЕКОНОМИЈАЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Лекари учат германски за да ѝ кажат „ауфидерзен“ на Македонија

Лекари учат германски за да ѝ кажат „ауфидерзен“ на Македонија

Барањата за изучување германски јазик доминираат во речиси сите центри за учење странски јазици. Наставникот Бен Реџепи за Алсат вели дека најголем број од неговите ученици се возрасни кои сакаат да се обединат со семејството кое им е веќе во Европа. Сепак, според Реџепи, се забележува и голем бројот на здравствени работници кои го учат овој јазик за да заминат на работа во земјите од германското говорно подрачје.

Advertisements

„Расте бројот на лица кои ни доаѓаат од медицинската област, главно медицински сестри и професионални лекари и можам да кажам дека е страшно. روليت مباشر Германскиот јазик не само кај нас, туку и во цела Европа е деловен јазик, тој е профитабилен јазик кој им овозможува на луѓето да ги остварат своите аспирации. Луѓето не ја напуштаат земјата само поради социјални или општествени услови, туку едноставно сакаат да пробаат нов живот со своите семејства, нов систем и тоа е една причина што е новина во однос на барањата што ги гледаме од луѓето кои доаѓаат да го научат германскиот јазик“, изјави Бен Реџепи, наставник.

Некои од учениците и студентите кои ги анкетиравме веќе го поминале основното ниво. لعبة الخيل عبر الانترنت Планираат да си заминат од државата за да си обезбедат работа и подобар живот.

„Јас го следев курсот по германски до нивото Б1, но тоа и се заборава, бев во Германија еден период, како студент. Не знам, реално сум студент, при крај сум, можеби и би заминал, зошто да не ја гледам перспективата овде во иднина, но и ова заминување стана моден тренд, не знам. Можеби пак, ќе останеме тука“, рече еден граѓанин.

„Ќе продолжам да учам англиски на факултет. Но, ако го научам добро германскиот, сакам да одам во Германија, да станам преведувач“, изјави еден друг граѓанин. ترتيب البوكر

„Не сум на курс, но во моментов учам сам. Кој јазик? Германскиот. Мислам да заминам во странство“, рече еден граѓанин.

Според податоците на Германскиот економски институт, состојбата со недостигот на квалификувана работна сила и понатаму е лоша.

Во март оваа година бројот на празни  работни места за кои фирмите во Германија не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за 88.000 и сега изнесува рекордно високо ниво од 558.000 слободни работни места.

Недостигот од квалификувани работници, според анкетата на овој институт, ги погодува сите сегменти на пазарот на трудот, но особено е изразен во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и градежништвото./Alsat.mk

 

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button