ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Стопанствениците ѝ доставија на Владата листа за потребна помош

Стопанствениците ѝ доставија на Владата листа за потребна помош

Бизнисмените ја заострија реториката кон власта. Стопанствениците сметаат дека властите не се доволно посветени кон поддршка на приватниот сектор и дека оваа криза не ја менаџираат најсоодветно. Од Стопанската комора до Илинденска број два испратија листа со барања и предлози што им е потребно и како да се надмине кризната состојба од која компаниите трпат штети и имаат проблем во функционирањето.

„Прекинати се традиционалните извори на енергија, прекинати се ланците за снабдување, намалена е побарувачката, а на светот во периодот што следи по сè изгледа дека ќе му се закани и криза со храна“, изјави Антони Пешев Извршен директор на Стопанската комора.

Од Владата не се согласуваат дека не му помагаат на стопанството, како за справување со последиците од пандемијата, така и од војната во Украина и енергетската криза.

„Една од улогите на буџетот и на фискалната политика е прераспределбата на средствата кон точките каде што треба да бидат инвестирани или кај точките каде што треба да се даде најголема поддршка. Со ребалансот на буџетот се издвоени 80 милиони евра како резерва за дополнителни антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на фирмите”, рекоа од Влада.

Очекувањата на стопанствениците се дека и по завршувањето на војната во Украина, кога и тоа да се случи, ќе бидат потребни најмалку неколку години за економската состојба да се врати во нормала.

Инаку, дел од анализите за нашиот регион покажуваат дека за време на последниве 3 години македонската влада најмалку финансиски го поддржала приватниот сектор во однос на земјите од опкружувањето./Alsat.mk

Изјавата на Антони Пешев, можете да ја следите тука: https://youtu.be/Mj78JgjKrK

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button