ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Катастарот во Тетово како сцена за хорор-филм, гнасни лифтови, темни ходници

Катастарот во Тетово како сцена за хорор-филм, гнасни лифтови, темни ходници

Иако со години се ветуваше, сепак, лифтовите на тетовскиот Катастар, кој се наоѓа на вториот кат во Трговскиот центар и натаму не функционираат. Постарите луѓе, но и оние со посебни потреби се обидуваат да се искачат по четири пара скали за да стигнат до Катастарот. Често се случува оваа рута да ја прават два-три пати на ден за да ги комплетираат потребните документи.

“За да биде катастрофата уште поголема, овие лифтови, од почетокот кога и беа поставени, никогаш не работеле. Неодамна истите се претворија во места за фрлање на отпадот“, рече Башким Сулејмани, новинар на Алсат.мк

Граѓаните се жалат дека освен што нема лифтови, по ходниците нема ниту светла, а од сметот едвај се дише.

„Тој пат таму, тој пат што го снимивте, дали малку ја пуштивте камерата? Имаме проблем, јас се качувам лека-полека, но за некого тоа е проблем.“, рече еден граѓанин.

„Никаде нема вакво нешто, ниту во Кина нема вака, ваков систем, не. Голема нечистотија, немам коментар повеќе, полошо нема каде.“, рече еден друг граѓанин.

„Проблем ми е и тоа како, но потребата те тера. Доаѓам овде и не можам да завршам работа, нема систем – дојди подоцна. Нема светило, има нечистотија, што да кажам. Овде чекам за да не доаѓам повторно затоа што не можам да се качувам. Ги оперирав двете нозе. Потоа, ја бараме Европа.“, изјави еден жител.

Запрашани во Катастарот, неговите раководители одбија да се појават пред камера, но одговорија дека до Централната дирекција во Скопје доставиле неколку барања за да се поправи лифтот, но тоа не се случило. Не само граѓаните, туку и некои вработени со посебни потребни во оваа институција се соочуваат со истиот проблем.

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button