СПОРТФУДБАЛ

Летонија ја совлада Италија и ќе се бори за 5. место

Кошаркарската репрезентација на Летонија ќе игра во мечот за 5. место на Мундобаскетот откако денеска во првиот меч за пласман ја совлада селекцијата на Италија со 82-87.

Италијанците одлично го почнаа мечот. Погодуваа буквално од секоја позиција, а по десет минути игра имаа предност од плус осум (26-18). Сепак, Летонија на ист начин возврати во вториот период, па со фуриозна игра направи целосен пресврт и на пауза замина со позитива од 42-46.

Во вториот дел Летонците почнаа фуриозно па брзо стигнаа и до двоцифрена предност и највисоки плус четиринаесет (44-58). Сепак, како одминуваше мечот Италијанците заиграа подобро и успеаја во последната минута да стигнана само минус два (82-84) и да го внесат натпреварот во неизвесна завршница. Андрејс Гражулис погоди тројка за Летонија за 82-87 по што беа решени сите дилеми околу победникот на овој меч. Токму Гражулис со 28 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Луиџи Џиџи Датоме постигна 20 поени.

Победникот од мечот меѓу Словенија и Литванија ќе игра против Летонија за петтото место, додека поразениот ќе се сретне со Италија во мечот за седмо место./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button