ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Летување на море или езеро недостижно за многумина од граѓаните во земјава

Кризата предизвикана од пандемијата направи летните одмори на езеро или море за повеќето граѓани да бидат речиси невозможни. Пандемијата сериозно ја оштети економијата на средната класа, кои велат дека едвај врзуваат крај со крај, наместо да размислуваат за годишни одмори.

„Не, за море немаме пари, тешко врзуваме месец со месец, камо ли за море. Верувам дека тешко можеме да излеземе до крај на месецот. Очекувавме државата да ни помогне, државата не помогна ништо“…

„Повеќето луѓе веќе немаат пари, парите се потрошија за лекови, подобро да останеме дома. Подобро да останеме дома. Вистината е дека платите не стигнуваат и плус мислиме дека владата што ја даде таа минимална плата, истата во повеќето случаи не е доволна за основни работи, за струја и други трошоци, луѓето се навлезени во огромни долгови“, велат граѓаните.

И во неможност сите да ги посетиме крајбрежјата, скапи за нашата економија, добра алтернатива се базените што во нашиот град ги има во многу голем број.

Но, дури и кај базените се забележува кризата по пандемијата, велат сопствениците.

„Кризата се забележува поради пандемијата, скоро година и половина. Ги почитуваме протоколите, се придржуваме до хигиената, анализата на водата и сè што се бара од здравствените установи“, рече Зеќир Идризи, сопственик на базен.

Сепак, за дел од населението кое може да си дозволи годишен одмор, најпосакувана земја е Турција, по што следат Албанија и Црна Гора, велат од туристичките агенции во нашата земја.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button