МАКЕДОНИЈА

Левица: Парламентарната опозиција обезбеди мнозинство во Советот на Скопје

Опозициската партија Левица преку соопшти дека досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје обезбедиле апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје.

Во соопштението се додава:

„Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје! Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Скопје и на неговите општини“, се наведува во соопштението на Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button