ВЕСТИЗДРАВСТВО

Ставено функција штипското Инфективно одделение

Штипското Инфективно одделение од вчера повторно е ставено во функција, сите пациенти заразени со коронавирусот од модуларната болница се префрлени во објектот, кој неколку месеци се реконструираше со европски пари.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во објектот се сместуваат пациентите во тешка здравствена состојба, а Кожното одделение останува за прием на пациенти кои се стабилизирани и се пред заминување на домашно лекување. Во Инфективното одделение се заменети прозорците, потоа објектот има и нова фасада, а во објектот се постави централен довод за кислород до секој болнички кревет и нов противпожарен систем.

Началничката на штипскиот Ковид центар, Дијана Гајадрџиска-Шишкова вели дека во моментов на Инфективното имаат 44 пациенти, најмладиот има 35 години, а 33 пациенти се на кислородна поддршка. Во Кожното одделение се хоспитализирани седум пациенти, само во текот на вчерашниот ден имаат примено десет нови пациенти, а еден е оздравен.

Притисокот врз болничките капацитети се гледа и низ прегледите во дневната амбуланта, каде што вчера имале 78. Инфектолозите апелираат граѓаните да се вакцинираат, со цел да се заштитат себе си, но и нивните семејства.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button