МАКЕДОНИЈА

Левица: Сегрегацијата на невакцинираните граѓани против Ковид-19 е нечовечна и противуставна

Како политичка партија која сериозно го сфаќа прашањето на јавното здравство, сметаме дека е исклучително важно состојбата со пандемијата да биде внимателно третирана и нејзиното управување да биде пред сè хумано, велат денеска од партијата Левица.

Во соопштението меѓудругото се додава:

Земајќи ги предвид сите фактори на влијание, Левица – чиј пратеници во Собранието на Република Македонија избраа да се вакцинираат – смета дека вакцинирањето против Ковид-19 мора да остане и да биде на доброволна основа и дека нема никакво рационално оправдување за најавените рестриктивни владини мерки насочени кон невакцинираните граѓани.

Дополнително, сметаме дека најавите за рестриктивни мерки кон невакцинираните се длабоко дискриминаторски во својата основа и истите, како одраз на неолибералниот корпоративизам, се противуставни! Овој наш став, кој е во согласност со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа, го темелиме на повеќе стручни и издржани, правни и медицински аргументи

Министерот Филипче досега требаше многупати да си поднесе оставка, а не да најавува репресија врз граѓаните и нови кршења на Уставот! Кога веќе нема образ за да си оди од функцијата, тогаш заедно со Комисијата е должен да изнајде мерки кои ќе бидат фер, хумани и во рамките на Уставот и законите.

Бараме од Владата на РМ итно да ја повлече оваа своја контроверзна одлука, а истовремено апелираме до граѓаните да бидат свесни и да внимаваат на своето здравје, затоа што системот е срушен и не може да им пружи најдобра услуга. Заедно и солидарно, нема да дозволиме оваа корумпирана врхушка да го отвори прозорецот на тиранијата, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button